- Здружението на армиски и полициски ветерани на Република Македонија
(во натамошниот текст ЗАПВ) е непартиско, самостојно и стручно
здружение на граѓани кое врши стручни овластувања од областа на
безбедноста и одбраната.
- Име на здружението е : Здружение на армиски и полициски ветерани на Република Македонија. - ЗАПВ има својство на правно лице.
Член на Здружението на армиски и полициски ветерани (ЗАПВ) може да биде
секој граѓанин-државјанин на Република Македонија кој бил во армиските
или полициските структури најмалку повеќе од половина од својот работен
век и кој доброволно ќе пристапи кон ЗАПВ и ќе ги прифати статутарните
и програмските определби на ЗАПВ.
Во ЗАПВ може да членуваат и други граѓани во својство на придружни членови .
Придружни членови можат да бидат граѓани кои ги прифаќаат целите и
програмските определби на ЗАПВ и можат да придонесат во неговата
афирмација, што го цени Комисија.
Зачленувањето во ЗАПВ се врши со пристапница.
Права и должности на членот на ЗАПВ:
- да учествува во работата на ЗАПВ,
- да дава предлози, мислења и да изнесува свои ставови во врска со работата на ЗАПВ и неговите органи,
- да бира и да биде биран во органи на ЗАПВ
- во својата работа да се придржува на програмските цели и задачи на ЗАПВ и
- редовно да ја пплаќа членарината.
ЗАПВ за своите членови води регистар на членството, кој се ажурира еднаш годишно.
За придружните членови се води одделен регистар.
Членовите и придружните членови имаат членска легитимација.
Членувањето во ЗАПВ престанува со:
-Доброволно истапување од ЗАПВ и
-Со исклучување-бришење од Регистарот на членството поради
подолготрајно неизвршување на должностите од член 32 на овој Статут.
Членовите и придружните членови имаат членска легитимација.
Извори на финансирање:
-основен извор на финансиски средства е чланарината од членовите на ЗАПВ која изнесува симболични 100,00 денари годишно,
- мали донации од поедини фирми и институции.
|