|
Активности на здружението-Берово |
На 17 октомври 2009 година, членовите на Здружението на ветераните и резервисти во одбраната и безбедноста на Република Македонија и на Здружението на граѓани почитувачи на природата, екологијата, традициите и спомен обележјата ВИСТИНА, го реализираа планираното студиско-рекреативно патување во Берово.
|
|
|
Пред пристигнувањето во Берово беше посетен споменикот во село Митрашинци, каде била формирана 50 македонска народноослободителна дивизија во 1944 година. Пригодна реч за формирањето на дивизијата и за борбите во источниот дел на Македонија во 1944 година одржа генералот во пензија Борис Стојаноски, претседател на здружението ВИСТИНА.
|
|
|
Потоа беа посетени Музејот во Берово, спомен-обележјето каде била родната куќа на војводата Иљо Марков Малешевски (дедо Иљо војводата), манастирот “Св.Архангел Михаил”, споменикот на војводата Иљо Марков Малешевски и Беровското Езеро. На крајот на посетата беше остварена средба со градоначалникот на Берово.
|
|
|
| |
|