ZVROB

Something Different for Joomla


lepeza.jpg

shtit-br2-naslovna.jpg
 
ban_pristap.jpg

korupcija21.jpg

0800logo.jpg
 

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенеска7
mod_vvisit_counterВчера6
mod_vvisit_counterОваа недела69
mod_vvisit_counterОвој месец42
mod_vvisit_counterВкупно6819
 
logo3_mk.jpg logo_mvr1.png
cior.jpg biopiramida.gif
invest3.jpg

За љубителите на воздухопловството

Повеќе информации за  макетите на контакт тел.: 070 76 78 78
и e-mail:  Оваа адреса е заштитена од spam bots. Потребна ви е Java-Скрипта за да ја видете.

 
mes_logo.jpg
Раководни органи
РАКОВОДСТВО:
- Претседател
- Потпретседател
- Генерален секретар

КОМИСИИ, ОДБОРИ И КОМИТЕТИ
- Комисија за статут,организација и програма,
- Комисија за соработка со домашни, странски и меѓународни асоцијации
- Комисија за традиции и односи со јавноста,
- Комисија за безбедност и одбрана,
- Комисија за економски и еколошки прашања, МФ и административно   работење,
- Комисија за спорт и рекреација,
- Комисија за давање помош на членовите на ЗАПВ по правни, социјални и други прашања.



- го следи спроведувањето на Статутот;
- подготвува одлуки за изменување и дополнување на Статутот;
- го организира и следи зачленувањето на нови членови;
- го организира формирањето на нови ограноци,
- изработува предлози на периодични и годишни програми на ЗАПВ;
- врши и други работи за кои ќе оцени дека има потреба.



- ги согледува интересите и потребите за таква соработка и предлага нејзино остварување;
- изготвува предлози за формите и методите на соработка со здруженија и други домашни асоцијации и времето на нивна реализација;
- изготвува предлози за формите и методите на соработка со соодветни странски и меѓународни асоцијации и за времето на нивна реализација;
- ги анализира искуствата од остварената соработка и изготвува предлози за нејзино подобрување, проширување, намалување или прекинување;
- врши и други работи за кои ќе оцени дека има потреба.



- изготвува преглед на историски настани, значајни за создавање и одржување на безбедносни и одбрамбени традиции на просторот на Република Македонија;
- согледува историски настани кои имаат влијание врз моралниот дух и патриотските чуства на граѓаните на Република Македонија;
- изготвува програми за одбележување на значајни настани и јубилеи од нашето историско минато;
- го следи и анализира остварувањето на јавноста во работата на ЗАПВ;
- ја следи присутноста на ЗАПВ и неговите програмски определби во средствата за јавно информирање и подготвува предлози за нејзино проширување по форми и содржини;
- подготвува соопштенија за јавноста и настапување на овластени преставници на ЗАПВ преку средствата за јавно информирање;
- предлага организирање јавни расправи и трибини по теми од интерес за ЗАПВ;
- врши и други работи за кои ќе оцени дека има потреба.



- го следи подготвувањето, донесувањето и спроведувањето на основните документи за безбедноста и одбраната на Р.М. и изготвува предлози за ангажирање на ЗАПВ;
- го организира учеството на членовите на ЗАПВ на јавни трибини и расправи по овие документи во текот на нивното донесување, како и во текот на нивното спроведување;
- ги поттикнува членовите на ЗАПВ  да се јавуваат со свои написи во пишаните медиуми, како и со настапи во електронските медиуми, по актуелните прашања на безбедноста и одбраната на земјата, што допринесува за афирмација на ЗАПВ;
- ги следи и анализира настаните во Р.М. и во соседството, кои имаат влијание врз безбедносната состојба во Р.М. и по потреба изготвува предлози до државните органи и органите на локалната самоуправа;
- ја следи состојбата во наменското производство и опремувањето на армијата и полицијата, како и во нивното ослободување од застареното вооружување и опрема, и предлага ангажирање на членовите на ЗАПВ, таму каде тоа е можно и потребно;
- врши и други работи за кои ќе оцени дека има потреби.



- го согледува влијанието на економската состојба во РМ врз матерјалната и социјалната состојба на членовите на ЗАПВ, како и можностите и начините за подобрување на оваа положба и изготвува предлози за тоа;
- ги следи и анализира главните еколошки проблеми кои се закана врз безбдноста на граѓаните на РМ, ги согледува можностите и начините за ангажирање на ЗАПВ во вршењето граѓански притисок врз надлежните државни органи за разрешување на овие проблеми и изготвува предлози за тоа;
- ги согледува можниостите и начините за стекнување на предмети, парични средаства иимотни права потребни за работа на ЗПВ, изготвува предлози за тоа и се ангажира врз нивната реаллизација;
- ги согледува можностите и начините ЗАПВ да основа трговски друштва, особено со користење на објекти и друг имот  од кои се ослободуа МО и изготвува предлози за тоа;
- ја согледува поставеноста на угостителската дејност во клубовите на ЗАПВ, како и на други дејности што ги развива ЗАПВ, во однос на постојните прописи и изготвува предлози за нивно изготвување;
- ги следи прописите за материјално - финансиско и административно работоење на ЗАПВ и изготвува предлози за нивно доследно применување;
- врши и други работи за кои ќе оцени дека има потреба.



- го следи интересот на членовите на ЗАПВ за спорт и рекреација, како и можностите и начините за организирање спортски и рекреативни активности и изготвува предлози за тоа;
- организира спортски и други секции за кои има доволен интерес од членовите на ЗАПВ;
- организира патувања на членовите на ЗАПВ во земјата со посети на места и објекти поврзани со настани од нашето историско минато и на туристички места;
- организира патувања на членовите на ЗАПВ во странство со посети на туристички и историски места;
- врши и други работи за кои ке оцени дека ќе има потреби.



- ги согледува потребите и интересот на членивите на ЗАПВ за таква помош, како и можностите и начините за нејзино давање и изготвува предлози за тоа;
- организира давање на таква помош со ангажирање на стручни лица од редовите на членовите на ЗАПВ;
- ја следи работата на органите и здруженијата кои се бават со заштитата на правата на граѓаните од интерес за членовите на ЗАПВ, и ги согледува можностите и  начините за користење на воспоставените механизми и процедури и изготвува прелози за тоа;
- врши и други работи за кои ќе оцени дека има потреба




 Надзорниот одбор се состои од 5 члена, кои ги избира Собранието, а членовите на Надзорниот одбор помеѓу себе избираат претседател.
Надзорниот одбор се грижи за правилно извршување на овој Статут, програмата и другите општи акти со кои се уредуваат  прашањата за работата и меѓусебните односи на членовите на ЗАПВ, врши надзор-контрола над спроведувањето на политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието како и финансиското и материјално работење на ЗАПВ, на сите нивоа на организирање.
Надзорниот одбор се состанува најмалку еднаш годишно и изготвува годишен извештај за својата работа и утврдените состојби.
Членовите на Надзорниот одбор имаат право да присуствуваат и на седниците на Извршниот одбор преку еден свој член.


 
Joomla Templates by JoomlaShack