|
При крајот на минатиот милениум се поведе иницијатива за формирање асоцијација на граѓаните кои работеле во институциите на одбраната и безбедноста на Република Македонија. На почетокот на овој милениум ваквата иницијатива беше актуелизирана и реализирана со организациско и законско формирање на Здружение на армиски и полициски ветерани на Република Македонија.
Со статутарните и програмски определби, како и со дел од реализираните активности во изминатиот период, читателите ќе се запознаат преку содржините на Годишникот. На овој простор, накратко ве информираме за глобалните определби и работата на Здружението во наредните години.
Иако сме Здружение на ветерани нашата свртеност не е наназад, туку
нанапред. Нашата ориентација е кон нашата иднина и иднината на нашите
поколенија. Притоа, го почитуваме и со пиетет ќе се однесуваме кон
универзалниот каузален однос: минато-сегашност-иднина. Но и во тој
однос минатото го ставаме во функција на подобрата сегашност.
Во прагматичниот однос кон реалноста, Здружението активно соработува со
релевантните домашни и странски асоцијации и други субјекти во
афирмирањето на општествените процеси за релативизирање на границите на
Балканот и нашето приклучување кон евроатланските структури.
...... на системот, Здружениет се
ангажира во реформските процеси и приспособувањето на ефективите на
одбраната и безбедноста на новите барања и определби согласно
НАТО-стандардите и насоките од Стратегискиот одбранбен преглед и
другите значајни документи и програми.
Нашето Здружение има капацитет за вакво ангажирање бидејќи располага со
специфични и стручни кадри од сите области на животот и работата.
Подготвени сме за реализација на повеќе разновидни економски програми,
кои други субјекти во државата објективно не се во можност да ги
реализираат. Овие обврски Здруженито ги преземе првенствено заради
неопходноста за успешно функционирање на поедини чуствителни системи во
областа на одбраната и безбедноста. Во исто време, со тоа се обезбеди
згрижување на одреден број невработени лица во државата.
Своите активности Здружението ги реализира со нагласен ентузијазам и
мотивираност, со елан и патриотско чувство соодветно на содржината на
слоганот што е испишана на нашето знаме:
СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА!
Со помош на многу уметници и познавачи на нашата култура навистина
создадовме својствен и препознатлив амблем на Здружението. Кружниот
облик со житен венец е наш македоснки симбол. На подножјето лента со
бројката 2001, говори за нашиот почеток, за годината кога Здружението е
заведено во судските книги. Внатрешниот син круг, го отсликува нашето
небо, а и бојата на униформата на полицијата. Следниот зелен круг ги
претставува нашите македоснки полиња, а и бојата на униформата на
армијата. Двете раци во внатрешниот круг, кои го држат мечот на
правдата, значат одбранбеност, безбедност и сигурност. Во центарот
доминира знамето на Република Македонија.
Здружението на армиски и полициски ветерани на Република Македонија
веќе стана препознатливо и по знамето под кое застана. Облеано со алово
црвена боја оддалеку привлекува и потсетува на традицијата и
историјата. Во средината амблемот на Здружението ја означува
припадноста на знамето. Текстот под амблемот го дава слоганот кој
зборува за нашата трајна определба - СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА.
ВЕТЕРАНИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!
- јакнење на свеста и уверувањето на членството за потребите и можностите за одбрана и безбедност на Република Македонија;
- организира средби и манифестации кои се во функција на одбраната и безбедноста на Републиката;
- информирање на членството за актуелните воено-политички состојби во
Републиката и нивното влијание на безбедноста и одбраната на
Републиката;
- по барање на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни
работи се вклучува во соодветни активности и дава своја стручна и
искуствена помош;
- соработка со надлежните државни органи во остварување на системот на одбраната и безбедноста на земјата;
- јакнење на моралниот дух и патриотските чувства и негува њето на
одбрамбените и безбедносните традиции на македонскиот народ и
националностите што живеат во Републиката;
- ја афирмира воената и полициската служба во Републиката;
- учествува во одбележувањето на значајни настани и јубилеи од нашето историско минато;
- се грижи за остварување на правата од Статутот на членовите како и подобрување на нивната материјална и социјална положба;
- следење на прописите од областа на одбраната и безбедноста и давање
свој творечки придонес заради нивното унапредување и ефикасно
функционирање;
ЗАПВ може да се поврзува или здружува во сојузи или во други облици на
поврзување или здружување за заедничко унапредување на својата работа и
активности за усогласување на посебните и заеднижките интереси во
областа за која се основани, како и за остварување на други прашања од
заеднички интерес.
ЗАПВ може да соработува и да се зачленува или поврзува и во меѓународни
организации, со тоа што тоа ќе мора да го запише во Регистарот на
здруженија на граѓани и фондации најдоцна 30 дена од денот на
зачленувањето или поврзувањето.
|